Репрезентацијата на Србија ја оствари втората победа во првиот квалификациски циклус за Светското првентсво 2019, откако избраниците на Саша Ѓорѓевиќ ја совладаа селекцијата на Грузија со резултат од 105-87.
Европскиот вицешампион до полувремето имаше проблеми, откако Грузиците беа и повеќе од рамноправни противници. По првиот период беше изедначено, 21-21, додека гостите ја освоија втората делница со еден кош повеќе, па така на паузата заминаа со минимални 45-44. Сепак, српските кошаркари тргнаа фуриозно на стартот од второто полувреме, па со постигнати 30 поени за 10 минути го одлучија победникот на средбата. Предноста од +10 за Србија беше надополнета во последната четвртина, за конечни 105-87.
Искусните интернационалци Радуљица и Мачван ја предводеа српската репрентација, капитенот заврши со високи 18 поени, додека Радуљица беше најефикасниот кошаркар за домаќините со 28 поени и 8 скока. Мајкл Диксон беше далеку најдобриот играч во поразената екипа, но ниту неговите 34 поени и 9 асистенции не беа доволни за Грузија да ја оствари првата победа во квалификациите за СП.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Русија – Белгија 76-69
Грција – Израел 82-61
Финска – Чешка 56-64
Естонија – Велика Британија 73-70
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА