Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Србија за пласман на Европското првенство во 2019 година. На денешниот тренининг се приклучија Давор Здравковски и Филип Илиќ.
Репрезентативците Ремзифаик Селмани и Петар Петковски сметаат дека доколку сите го дадат максимумот, Македонија може одново да се радува на позитивен резултат.
„Ова е нов и сосема поинаков натпревар од првиот во квалификациите против Ерменија. Србија е многу силна репрезентација и еден од фаворитите во нашата група. Ние повторно треба да бидеме силно мотивирани, добро да ги одработиме подготовките и да се надеваме на нов успех. Ќе направиме сѐ што можеме одново да ги израдуваме навивачите и да останеме на првото место во групата“, изјави Петар Петковски, напаѓачот на Вардар.
„Ова е почеток на подготовките, се надевам дека ќе бидеме здрави и ќе одработиме најдобро што можеме. Одлично ги започнавме квалификациите, но Србија е вистински предизвик. Имаат неколкумина фудбалери кои настапија и на ЕП во Полска, сигурно ќе бараат добар резултат и во Скопје, но јас се надевам дека многу од работите ќе зависат и од нас. Верувам дека можеме до нов позитивен резултат“, вели Ремзифаик Селмани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА