Србија е кошаркарска велесила, стана и европски кадетски шампион

Србија уште еднаш демонстрираше зошто нашиот северен сосед важи за „земја на кошарката“ откако кадетската селекција се закити со титулата на Европското првенство што се одржуваше во Естонија.

Србите во финалето за противник ја имаа Литванија, успевајќи да се вратат од двоцифрена негатива што ја имаа на полувремето и на крајот да триумфираат со 99-86. Пресудна се покажа третата ечтвртина во која српските кадети го торпедираа противничкиот кош, го добија овој период со 32-15 и си го трасираа патот до златото.

За Србија ова е прво кадетско злато на еден европски шампионат уште од 2007 година, а најефикасни во денешната финална победа беа Бјелица со 25 поени, Огњен Симјановски реализираше 22 поени, додека Петар Кустурица, кој беше избран и за МВП на шампионатот го заври финалето со 18 поени, 14 скокови и 8 асистенции.

Се вчитува...