Србија е нов светски шампион во баскет 3х3

Репрезентацијата на Србија е нов шампион во баскет 3х3 откако вечерва во финалето славеше над Литванија со 21-16 на Светското првенство кое се одржува во Белгија. Србите на маестрален начин, без ниту еден пораз стигнаа до нова титула светски шампион.

Во крајно неизвесен натпревар за третото место по продолженија Французите успеаја да слават над домаќинот Белгија со 18-17.

Кај дамите златниот медал и припадна на репрезентацијата на Франција која во финалниот меч славеше над Канада со 16-13. Во мечот за бронзениот медал Кина беше подобра од Литванија со 21-11.

Се вчитува...