Србија е оштетена на мечот со Фарски острови

Ракометарките на Србија испуштија практично обезбеден триумф и одиграа нерешено со Фарските Острови (31-31) во натпревар кој можеше да им обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

Јована Јововиќ одлучи да забави пред голот на Фаранките и да почека противникот да и се приближи, по што судијата одлучи да досуди пасивен напад. Тоа значеше седмерец за ривалките, кои го искористија подарокот и израмнија во последните моменти.

Иако судијата сметаше дека Јововиќ намерно се обиде да губи време, што е недозволено, се покажа дека нејзиниот малку побавен финиш не е против правилата на ракометната игра. Веднаш по натпреварот беше поднесена жалба, која беше прифатена.

„Веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу Србија и Фарските Острови, Ракометната федерација на Србија испрати жалба до ИХФ поради кршење на правилата на ракометната игра од страна на групата во последните десет секунди. Според правилата и стручноста на судиите, утврдено е дека Србија била драстично оштетена во последниот напад, а судиите од Аргентина влијаеле на конечниот резултат“, се вели во писмото од Ракометната федерација на Србија.

Се вчитува...