Србија е повторно светски шампион во баскет „3 на 3“

Српската кошаркарска репрезентација ја одбрани титулата и по шести пат во историјата е светски шампион во баскет 3 на 3.

Во неверојатно финале во Виена, Србија ги совлада САД со резултат 21-19, откако во еден момент губеше и со 19-15.

Третото место го зазеде селекцијата на Летонија која го совлада Бразил со 22-12.

Во женска конкуренција шампионатот го освои репрезентацијата на САД со победата над Франција од 16-12, додека бронзениот медал и припадна на Австралија со победата над Кина од 21-20.

Се вчитува...