Србија елиминирана од Дејвис купот по трилер меч во двојки

Репрезентацијата на Србија не успеа да се пласира во полуфиналето во Дејвис купот, откако во решавачкиот трилер меч, дублот составен од Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки беше поразен од рускиот пар Хачанов – Рубљев со 2-1, по сетови (6-4, 4-6, 7-6). Решавачкиот тај-брејк Русите го добија со резултат 10-8.

Претходно во сингл мечевите, Рубљев го прегаси Краиновиќ со 2-0 (6-1 и 6-2), додека Ѓоковиќ беше сигурен против Хачанов со идентични 6-3 во двата сета. Во полуфиналето … ќе се сретнат со репрезентациајата на Канада.

Вториот полуфинален натпревар на најновото издание на Дејвис Купот ќе биде познато вечерва по мечевите меѓу Аргентина и Шпанија и Велика Британија и Германија.

Се вчитува...