Србија, Франција, Австралија… веќе во четвртфиналето на Дејвис купот

Тениската репрезентација на Србија се пласираше во четвртфиналето на Дејвис купот откако во Ниш поведе и со недостижни 3-0 против Русија, во првото коло од ова натпреварување.

Србите денеска стигнаа до одлучувачката победа во двојки. Виктор Троицки и Ненад Зимоњиќ славеа против Кравчук и Кузњецов со 3-6,6-3,7-6,6-7,6-4, водејќи ја својата селекција до четвртфиналето, седмо во последните осум години. Вчера победите во поединечна конкуренција за Србите ги донесоа Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки.

Претходно веќе место во четвртфиналето обезбедија и Франција и Австралија кои исто така имаат убедливи 3-0.

Се вчитува...