Србија го доживеа најголемиот свој фудбалски срам во историјата. А, и го приреди младата репрезентација која во квалификациите за ЕП 2025 загуби од Англија со неверојатни 9-1.
Ова е најтежок пораз за една фудбалска селекција на северниот сосед. Досега во историјата, младата селекција на Србија, пак, никогаш не загубила со поголема разлика од четири гола, а сега дозволи девет погодоци во својата мрежа.
А, се тргна одлично за избраниците на Владимир Ѓорѓевиќ кои поведоа со голот на Владимир Лучиќ во 27. минута, а потоа се беше во знакот на Англичаните кои првиот гол го постигнаа во 38. минута за 1-1, а потоа следеа уште осум се до 89. минута. Што ќе рече за период од 50 минути Англичаните постигнаа девет гола, или на секој пет минути по еден…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА