Србија го реши Јужен Судан за четвртфинале

Кошаркарите на Србија трумфираа против Јужен Судан со 96-85 во одлучувачкиот натпревар за второто место во Групата Ц, за директен пласман во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз.

Во главно израмнет натпревар Србите постојано одржуваа минимална предност, за конечно заминување со 47-44 на полувремето.

Поквалитетен трет период од мечот одигра српската селекција, но противниците никако не им дозволуваа да се одлепат. Па, и во незвесна последна четвртина со драма до самиот крај се дојде до конечната победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Богдановиќ со 30 поени, плус и осум асистенции, а Јокиќ заврши со 23 поени и 13 скока.

Се вчитува...