Србија го сака Раул Гонзалес за нов селектор

Поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес е еден од тројцата кандидати за нов селектор на ракометната репрезентација на Србија.

Како што пренесува „Спортски Журнал“, Ракометната федерација на Србија во мометов веќе преговара со тројца врвни стручњаци. Еден од нив е и поранешниот тренер на Вардар и македонски селектор, Шпанецот Раул Гонзалес. Меѓу кандидатите се и Магнус Андерсон и Талант Душебајев.

Сепак, поголемиот дел од ракометните аналитичари во земјата, сметаат дека Момир Илиќ најверојатно ќе биде селектор на српската репрезентација, со оглед на тоа што тешко дека некој од тројцата странци би прифатил да ја преземе таа улога.

Се вчитува...