Србија и Албанија и дефинитивно ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година кое ќе се одржи во 2027 година.
Иако се очекуваше вчера Извршниот комитет на УЕФА официјално да им го додели домаќинството на двете земји, сепак одлуката е пролонгирана за 4. февруари 2025 година.
Но, само ќе се чека официјална потврда иако е веќе познато дека Србија и Албанија заеднички ќе бидат домаќини, затоа што се и единствени кои дадоа кандидатура по повлекувањето на Белгија и Турција.
Предвидено е отворањето на првенството да биде на националната арена во Тирана, а финалето на ЕП да се игра на Националниот стадион во Белград кој се очекува да биде завршен до 2027 година. Натпревари ќе се играат, покрај во Тирана и Белград, и на новите стадиони во Србија, во Лесковац, Лозница и Зајечар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА