Србија и Хрватска заеднички ќе бидат домаќини на Светско првенство во одбојка

Србија и Хрватска ќе бидат заеднички домаќини на Светското првенство за одбојкарки до 19 години кое ќе се одржи од 7. до 20. јули следната година, одлучи Светската одбојкарска федерација.

На шампионатот во 2025 година ќе настапат рекорден број селекции, вкупно 24 од сите пет континентални конфедерации.

Одлучено е и Светското првенство за одбојкарки до 21 година да биде во Индонезија, а за мажи до 21 година во Кина следната година.

Се вчитува...