Ватерполистите на Србија се нови европски шампиони, откако во финалето убедливо славеа против Унгарија со 10-7 на Европското првенство кое изминатиов период се одржуваше во Белград.
Уште од почетокот на дуелот Србите се стекнаа со предност, добивајќи ја првата четвртина со 3-2, Унгарците вратија со 2-3 во втората четвртина, но потоа тотална доминација на домаќините во второто полувреме.
Во вториот дел вкупно 5-2 за Србите за конечна победа од 10-7.
Душан Мандиќ со четири гола беше очекувано најдобриот поединец кај Србија, и на тој начин дојде до четвртата своја европска титула во кариерата, дополнети и на три олимписки злата.

Бронзата на Европското првенство ја освои Грција откако во битката за третото место убедливо со 12-5 славеше против Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

