Руската фудбалска федерација објави дека во март следната година „зборнајата“ ќе одигра два пријателски натпревари против фудбалската репрезентација на Србија.
Првиот дуел ќе се игра во Москва на 21. март, додека вториот меч е закажан за четири дена подоцна и ќе се игра во кипарскиот Лимасол.
„Репрезентациите на Русија и Србија постигнаа договор да одиграат два пријателски меча во март 2024 година. Се гледаме во Москва“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА