Репрезентацијата на Србија стигна до билет за ЕВРО 2024 откако нашиот северен сосед попладнево едвај стигна до реми на домашен терен против Бугарија (2-2). Дуелот во Лесковац требаше да биде спектакл за прослава на првото учество на ЕП уште од ЕВРО 2000, но замалку ќе се претвореше во целосно фијаско откако Србите прокоцкаа предност од 1-0 и се најдоа во негатива од 1-2, додека Црна Гора во еден момент имаше предност од 0-1 во Будимпешта, резултати со кои Црногорците беа второпласирани во оваа група.
Селекторот Стојковиќ во финишот тргна во целосна офанзива, Србите стигнаа до толку посакуваниот гол што значеше и билет за европскиот шампионат, дело на Срѓан Бабиќ по корнерот што го изведе Тадиќ.
Унгарија во вториот меч од оваа група на домашен терен ја совлада Црна Гора со 3-1. Црногорците по првиот дел имаа водство од 0-1, но во продолжението паднаа на колена пред Собослаи, асот на Ливерпул даде два гола во 67. и во 68. минута, а потоа и учествуваше во акцијата при третиот гол со кој Унгарија стави печат на победата и на овие успешни квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА