Србија и Унгарија во финалето од ЕП во ватерполо

Србија и Унгарија ќе ги одмерат силите во големото финале на Европското првенство во ватерполо што се одржува во Белград, по двете импресивни победи што овие селекции денеска ги извојуваа во полуфиналните пресметки.

Србите по седум и пол години ќе освојат медал од ЕП откако вечерва го декласираа составот на Италија со резултат 17-13. Бодрени од над 12.000 навивачи, српските ветерполисти одиграа меч за паметење, целосно доминираа во базенот и не доволија на противникот ниту за момент да се понадева на успех. Од ритам не беа исфрлени ниту по црвениот картон на Јакшиќ, Италија намали на 9-7 на крајот на втората четвртина, но Србите одиграа перфектен трет период, поведувајќи со 15-10 и трасирајќи си го патот до големото финале, на крајот славејќи со 17-13.

Противник на домаќинот во големото финале закажано за недела во „Арена“ во Белград ќе биде селекцијата на Унгарија, која во прввото полуфинале ја совлада Грција со 15-12. На полувреме резултатот беше израмнет (8-8), но Унгарците заиграа далеку подобра одбрана во преостанатите две четвртини, примија само четири гола и се пласираа во ново финале на големото натпреварување.

Манхерц со четири гола беше најефикасен во победничката селекција. три псотигна Вивгари, додека Какарис со три гола беше прв стрелец на Грција во ова полуфинале.

Се вчитува...