Поранешниот тренер на Металург, Јовица Цветковиќ, ќе продолжи да ја води машката ракометна репрезентација на Србија, а поранешниот тренер на Вардар, Љубомир Обрадовиќ, сега е нов селектор на женската репрезентација на Србија на местото на Драгица Ѓуриќ. Селекторите на српските репрезентации беа наименувани со едногласна одлука на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија (РСС) на последната седница.
Цветковиќ ја предводеше репрезентацијата на Србија и во периодот од 2006 до 2009 година и со него на клупата, Србија го освои осмото место на СП 2009 во Хрватска. Со Цветковиќ на клупата, Србија го почна и циклусот квалификации за ЕП 2018 во Хрватска, во октомври минатата година.
Љубомир Обрадовиќ на клупата на женската репрезентација ќе ја замени Драгица Ѓукиќ под чие водство Србија настапи на ЕП во Шведска во декември минатата година.
Обрадовиќ претходно беше селектор на репрезентацијата на Црна Гора, а најголемиот селекторски успех досега го постигна со јуниорите на поранешна Југославија со кои се пласира на ЕП 2016 во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА