Србија ја надигра Грузија, триумф и на Хрватска, пораз на БиХ

Србија стигна до втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2025 откако славеше и на гостувањето во Грузија со 63-76. „Орлите“ на Светислав Пешиќ беа подобри од самиот почеток на средбата и без многу проблеми го завршија првиот квалификациски цикус со два триумфа.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина пак со половичен успех ги заврши февруарските квалификации откако на домашен терен загуби со 64-74 од Франција.

Половичен успех забележа и Хрватска која по поразот од Франција славеше со 92-63 на гостувањето кај Кипар со што се изедначи со Босна и Херцеговина на табелата во групата „Е“.

Standings provided by Sofascore

Претходно победи забележаа и останатите две репрезентации од поранешна Југославија. Словенија на домашен терен славеше со 88-79 против Израел, додека Црна Гора со 95-70 над Шведска.

Се вчитува...