Кошаркарската репрезентација на Србија, ја победи Грција среде Атина со резултат 71:64 на т.н. „Акрополис Куп“. Покрај овие две селекции, на Купот учествува и селекцијата на Италија.
Србија после драматична завршница успеа да издвојува победа во „ОАКА“ Арената во главниот град на Грција. Побеничката репрезентација имаше добро распределена минутажа, и голем број на играчи со двоцифрен број на поени. Ја одржуваа предноста од голем дел од мечот, а во третиот период имаа и двоцифрена разлика, но Грците успеаја да стигнат и да израмнат.
Завршницата беше неизвесна, со оглед дека Србија имаше многу промашувања, па во еден момент стигна до 61:64, но на крајот со посилни нерви, Србите стигнаа до пбедата. Богдановиќ кај победничкиот тим беше најефикасен со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

