Италијанската „Газета“ пренесува дека Фудбалскиот сојуз на Србија преговара со италијанската компанија Макрон. Во случај да дојдат до договор, српската репрезентација ќе добие дресови со ликот на Синиша Михајловиќ, еден од најдобрите српски фудбалери на сите врамиња.
Идејата да се стави ликот на Синиша Михајловиќ, кој почина пред две години, на дресовите предизвика ентузијазам кај српските репрезентативци. Тоа не е чудно, бидејќи Михајловиќ на многумина од нив им даде можност да дебитираат во националниот тим додека беше селектор на Србија.
Според неофицијални информации, ФСС добил три понуди за нов технички спонзор, но две од нив се од помалку познати брендови кои не се препознатливи во светот на фудбалот. Како најатрактивна е оценета понудата на Макрон, кој веќе соработува со бројни европски клубови и репрезентации.
Конечната одлука се очекува наскоро, бидејќи Србија веќе игра важни натпревари од плејофот од Лигата на нации против Австрија во март, закажани за 20 и 23 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА