Натпреварот помеѓу Србија и Албанија во квалификациите за Светското првенство ќе биде одигран на стадионот „Дубочиќ“ во Лесковац, потврди фудбалската федерација на нашиот северен сосед.
Клучната причина за оваа одлука е безбедноста со оглед на тоа што се работи за високоризичен натпревар кој може да ги загрози и самите фудбалери, но и публиката.
Дополнителна причина за грижа се и дисциплинските мерки кои и се наложени на Србија од страна на УЕФА и ФИФА па оваа одлука доаѓа и со цел да се спречи дополнителна казна и можна суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

