Србија ќе му понуди пет години договор на Пауновиќ

Сегашниот селекторт на Србија, Вељко Пауновиќ се согласи да ја предводи селекцијата на дуелите против Англија и Летонија, а потоа да ги води преговорите во врска со договорот со ФСС.

„Спорт клуб“ пренесува дека поранешниот стратег на Овиедо ќе добие договор на пет години, односно до 2030 година. Истиот извор наведува дека властите во ФСС ќе ги продолжат преговорите по завршување на квалификацискиот циклус.

Новиот селектор на Србија ќе има многу пошироки спортски овластувања, па затоа ќе биде задолжен и за надгледување на младата репрезентација, што треба да донесе подобрување во редовите на нашиот северен сосед.

Инаку Пауновиќ вчера дебитираше за Србија со пораз од Англија од 2-0. И покрај поразот, Србија одигра еден од најдобрите натпревари во последно време, и имаше шанси со бод да замине од Вембли. Вака, со овој пораз и победата на Албанија во Андора, српскиот национален тим ги загуби сите шанси за обезбедување на баражот.

Се вчитува...