Србија комплетна: Пикси ќе напаѓа со сите оружја против Камерун

Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси изрази жалење што неговата селекција не настапи комплетна против Бразил, меч во кој Србите беа целосно надиграни и загубија со 2-0.

Тоа нема да биде случај на утрешниот дуел со Камерун, на кој Стојковиќ ќе ги има на располагање своите главни оружја во нападот. Митровиќ е максимално подготвен откако беше стартер и против Бразилците, а друштво на асот на Фулам ќе му прави и Душан Влаховиќ. Голгетерот на Јувентус нецел месец влече незгодна повреда, но последните тренинзи ги издржа максимално, по што му се стави на располагање на стручниот штаб за старт против Камерунците.

Во составот ќе се најде и капитенот Душан Тадиќ од Ајакс, а одлична вест за Србија е и камбекот на Филип Костиќ. Крилниот офанзивец воопшто не настапи против Бразил, но Костиќ тренира со остатокот од тимот, веќе не чувствува никаква болка од повреда и најавите на српските медиуми велат дека и овој фудбалер на Јувентус ќе биде сигурен стартер на мечот со Камерун.

Се вчитува...