Фудбалската репрезентација на Србија на 11. октомври во Лесковац ќе ја пречека Албанија во квалификациите за пласман на СП 2026, а пред овој натпревар од Фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед објавија дека нема да има продажба на влезници.
Како што е наведено на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија, присуството на трибините ќе биде обезбедено преку распределба на влезници на фудбалската заедница, преку дистрибуција до регионалните сојузи, клубовите, учениците од фудбалските школи и нивна родителска придружба, стручни фудбалски организации, официјалните спонзори и гости на ФСС, акредитирани претставници на медиумите, како и медицински и други екипи неопходни за реализација на натпреварот.
Исто така се наведува дека на влезниците ќе биде персонализирани и при влезот ќе се проверува лични документи со цел да се избегнат било какви проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

