Поранешниот репрезентативец на Соединетите американски држави, Дрејмонд Грин во својот подкаст даде прогноза за престојното полуфинале на Летните олимписки игри во Париз во кое неговата држава ја очекува средба против Србија која ќе биде одиграна денеска од 21 часот.
Според искусниот кошаркар, Србија не претставува никаква опасност за САД, а и Србите не се ни втората најдобра кошаркарска репрезентација во Франција.
„Го имаат Никола Јокиќ кој е феномен, но Србија нема ниту еден бек кој е подобар од Тајрис Халибуртон. Не покажувам непочит кон Тајрис, само кажувам дека тој е надвор од ротацијата во моментот.
Претходниот натпревар бевме изедначени додека Јокиќ беше на теренот, но сега немаат шанси. САД е адаптираше. Секогаш е така на првиот натпревар на Олимписки игри, но сега е различно. Србија нема никаква шанса“, вели Грин кој смета дека Германија е втората најсилна репрезентација на Игрите во Париз.
„Германија е вториот најдобар тим, но разликата помеѓу првиот и вториот е огромна. Може мислите дека Канада е на тоа место, но немаат континуитет. Германците играат заедно 10 години“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

