Актуелниот европски шампион Шпанија, со 3-0 ја совлада Србија во пријателски натпревар одигран во Виљареал. Шпанците требаше да играат со Аргентина на „Финалисима“, но поради настаните на Блискиот Исток, тој меч е одложен.
Новиот селектор на Србија, Вељко Пауновиќ ги врати во тимот браќата Милинковиќ-Савиќ, но и тие не можеа да сторат ништо повеќе против фаворизираниот противник.
Ојарзабал во 16-тата и во 43-тата минута со два убави гола донесе предност од 2-0 за „фуријата“, за потоа во вториот дел Муњоз да ги постави конечните 3-0 на оваа средба.
Се одигра и меч на „Вембли“ во кој Англија и Уругвај одиграа нерешено 1-1. Бен Вајт пред самиот финиш во 81. минута донесе предност за Англичаните, која ја анулираше Валверде со гол од пенал во четвртата минута од судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

