Српскиот селектор Драган Стојковиќ се соочува со нов сериозен проблем откако пред клучниот меч од квалификациите против Албанија остана без услугите на важен протимец.
Саша Лукиќ го очекува пауза од терените откако големиот борец на средината од теренот настрада на самиот почеток од вечерашниот дуел меѓу Борнмут и неговиот Фулам. Србинот издржа само десетина минути на теренот, по што поради повреда на мускулот мораше да го напушти теренот.
Сериозноста на повредата засега не е позната, но на осум дена пред мечот со Албанија во Лесковац шансите за негов настап на овој клучен натпревар се сведени на теорија.
Англија е сигурно прва во оваа квалификациска група, Албанија моментно има осум бода, еден бод повеќе, но и меч повеќе во однос на Србија во пресрет на нивниот меѓусебен дуел закажан за 11 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

