Србија остана без уште еден ас за Мундобаскет

Србија остана без уште еден важен кошаркар за претстојниот Мундобаскет откако Немања Недовиќ отпадна од списокот на селекторот Пешиќ за патници за Манила.

Бекот на Црвена Звезда настапи на турнирот во Атина, не прикажа блескави игри, а нецели 24 часа по поразот од Италија се појави информацијата дека Недовиќ нема да му биде на располагање на селекторот Пешиќ. Нејасно е дали станува збор за повреда или пак тактичка замисла на селекторот, но Недовиќ по враќањето во Белград ќе зема неколку дена одмор, по што ќе се појави од почетокот на подготовките на Црвена Звезда за новата сезона.

Само за потсетување, Србија на претстојниот светски шампионат ќе биде без услугите на Јокиќ, Мициќ, Лучиќ, Калиниќ и Покушевски. Немања Недовиќ поради повреда го пропушти и ланското Европско првенство, а најголемиот успех во репрезентативниот дрес го имаше во 2016 година, кога со Србија стигна до среброто на ОИ во Рио де Жанеиро.

Се вчитува...