Дресот на српската кошаркарска репрезентација во иднина нема да го носи Владимир Лучиќ кој на 35-годишна возраст размислува и за крај на богатата кариера.
Поранешниот кошаркар на Партизан и Валенсија, а од 2016 година член на Баерн Минхен во разговор за медиумот „Баскет Њуз“ откри дека размислува за крај на кареирата, а приказната со репрезентацијата е завршена.
„Размислувам за се нормално, ова е мојата 17-та година како професионално се занимавам со кошарка. Ќе видиме. Се ближи крајот. Имам неверојатни моменти во Минхен, тука створив семејство и не сакам да ја променам средината. Се ми е тука и на теренот и надвор од него“, изјави Лучиќ кој се осврна и кон националниот дрес.
„Мислам дека сум готов со таа идеја“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА