Александар Митровиќ дефинитивно е херојот на српската репрезентација на стартот од квалификацискиот циклус за СП 2022 откако асот на Фулам со два гола им донесе на „орлите“ победа од 1-2 на гостувањето против Азербејџан. Откако постигна еврогол против Ирците, а потоа и значаен погодок на вториот дуел против Португалија, Митровиќ блесна на денешниот дуел во Баку, носејќи му значајни три бода на составот на Драган Стојковиќ – Пикси.
Тој погоди во првото полувреме, но Азербејџан успеа да израмни од пенал по наивниот прекршок што на работ од шеснаесетникот го направи Костиќ. Сепак, на десетина минути до крајот Митровиќ блесна уште еднаш, реагирајќи мајсторски на асистенција на Милинковиќ – Савиќ и од работ на шеснаесетникот матирајќи го домашниот голман.
AZE-SER 0:1, Mitrovic strelac u 15 min pic.twitter.com/VVSH71wj1k
— HotSport (@hotsportsrb) March 30, 2021
Словенија ги почна квалификациите со триумф над Хрватска, но избраниците на селекторот Кек оттогаш врзаа два порази. Ако за оној од Русија може да се каже дека беше очекуван, денешниот на гостувањето против Кипар од 1-0 дефинитивно е ладен туш за Словенците, кои потајно се надеваа на пласман на едно од првите две места во групата. Клучен момент се покажа 42. минута, кога Питас го совлада Јан Облак, што се покажа како единствен погодок на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА