Србија победник на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Србија го освои меѓународниот ракометен турнир „Марко Божиновски“. Во финалето оваа селекција беше подобра од Македонија А со 32-26 (16-13). Ова беше прв пораз за Македонија А после двете победи против Босна и Катар.

За третото место ќе се борат Македонија Б и Катар, додека петтото место го освои Босна, која по изведување на пенали ја победи Романија.

На овогодинешниот турнир, учество земаа ракометари до 17 години.

 

Се вчитува...