Србија подобра од Грција во последната контрола пред ЛОИ

Српската кошаркарска репрезентација со победа над Грција од 94-72 го заврши подготвителниот период пресрет настапот на Летните олимписки игри во Париз. Србите уште од самиот старт на денешниот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на триумф.

Србија на игрите во Париз е во група со Соединетите Американски Држави, Јужен Судан и Порторико, а турнирот го отвора со меч против „дрим-тимот“ кој е закажан на 28. јули.

Се вчитува...