Србија после шокот успеа да слави над Андора, Италија подобра од Израел (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија по турбулентниот пораз од Албанија на домашен терен и селекторската смена успеа да слави на гостувањето кај Андора со 1-3. Андорците и направија многу проблеми на Србија особено во првиот дел, а во 17. минута од средбата Лопез ги донесе Андорците во предност со гол од половина терен!

Сепак, веднаш во следната акција по еден изведен корнер, Гарсија си постигна автогол и го израмни резултатот. Во 54. минута Влаховиќ се запиша во листата на стрелците и направи пресврт, а Митровиќ од пенал во 77. минута ја обезбеди победата. Србите и покрај победата, немаат причини за радост, особено што Албанија и натаму има предност на табелата, а исто така Србите и не одиграа добар натпревар против аутсајдерот, и покрај тоа што постигнаа три гола, а имаа и две стативи.

Италија против Израел славеше триумф од 3-0. Два гола постигна Ретеги, и еден Манчини за конечен триумф.  Италијанците ја продолжуваат битката со Норвешка за првото место, и покрај тоа што Норвежаните имаат импресивна и речиси недостижна гол разлика.

Репрезентација на Ирска беше подобра од Ерменија со 1-0, додека Турција ја совлада Грузија со 4-1, и ја продолжува трката со Шпанија за пласман на Мундијалот.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...