Србија се изнапромашува – Данците во плеј-оф, и Португалија и Хрватска во плеј-офот од Лигата на нации (ВИДЕО)

Репрезентативците на Србија се изнапромашуваа на последниот натпревар во групната фаза во А-дивизијата од Лигата на нации против Данска, па не успеаја да обезбедат плеј-оф за титулата во УЕФА натпреварувањето. Натпреварот во Лесковац заврши без голови, па на крај Данците го осигураа второто место во групата кое заедно со Шпанија им носи плеј-оф.

Митровиќ и Влаховиќ имаа серија одлични можности за гол, но со серија промашувања не успеаја да донесат победа за Србија.

Во вториот натпревар од групата, Шпанија славеше против Швајцарија со 3-2.

Од Групата 1, Португалија и Хрватска ќе играат во плеј-оф разигрувањето за титулата во Лигата на нациите откако одиграа без победник (1-1) на „Пољуд“ во последното коло.

Португалија имаше водство од 0-1 по првите 45 минути. Стрелец на голот за Португалија беше Жоао Феликс во 33. минута од средбата…

Но, Гвардиол со гол во второто полувреме донесе реми за Хрватите.

Во Ц-дивизијата, во Групата 2, Романија славеше со 4-1 против Кипар, а Косово ја победи Литванија со 1-0.

Во Групата 3, пак, Северна Ирска ремизираше со Луксембург (2-2) со што се избори за место во Б-дивизијата од следната сезона, а Бугарија која одигра 1-1 со Белросија како второпласирана во групата ќе игра бараж за место во Б-дивизијата.

Се вчитува...