Нова убедлива победа на српската кошаркарска репрезентација на Светското првенство во Кина. Избраниците на Александар Ѓоргевиќ во второто коло на Мундобаскетот ги декласираа Филипините со 126-67.
Уште од самиот старт на натпреварот Србите покажаа кој е кој, добивајќи ја првата четвртина со плус петнаесет (28-13). Во вториот период продолжија да го мелат противникот, а на полувреме се замина со резултат 62-35. Во вториот дел шанса добија сите кошаркари. Разликата само растеше, а во 29. минута Србите стигнаа и до плус педесет (96-46). До крајот предноста само се зголемуваше за конечна победа на Србите од 126-67.
Бјелица беше најефикасен во таборот на Србите со 20 поени, три повеќе од Богдан Богдановиќ. Кај Филипини единствена светла точка беше Џејмар Перез со 15 уфрлени поени.
Во последното коло од групната фаза Србија игра против репрезентацијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

