Србија со еден гол на Влаховиќ до три бода против Летонија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија дојде до вториот триумф во квалификациите за Светското првенство 2026 година, откако денеска во Рига со минимални 0-1 ја совлада селекцијата на Летаонија.

Стрелец на единствениот гол вреден победа беше Душан Влаховиќ уште во раната фаза од мечот, во 12. минута. Катаи му асистираше на играчот на Јувентус, кој успеа да погоди во голот, и Србија успеа да го задржи водството до крајот.

Имаа Србите и неколку шанси порано да ја запечатат победата, но не успеаја да се снајдат во шеаснаесетникот на Летонците, па така на крајот славеа само минимален триумф. Дури Летонија можеше да се спаси од пораз и да го казни долгото чекање на Србите, но во последните мигови ја погодија стативата од голот на Петровиќ.

Се вчитува...