Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ го објави поширокиот список на повикани кошаркари за престојниот Евробаскет кој ќе се одржи во Летонија, Полска, Финска и Кипар од 27. август до 14. септември.
Судејќи по имињата повикани за репрезентативен настап Србија е главен фаворит за златниот медал. Интересно, на списокот на Пешиќ се најдоа само 17 имиња наместо 20, но сите големи ѕвезди во НБА и Евролигата.
Повикани кошаркари: Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Урош Трифуновиќ, Никола Топиќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Тристан Вукчевиќ, Балша Копривица и Ален Смаилагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

