Србија со победа над Хрватска до трето ватерполо злато во низа

Репрезентацијата на Србија е освојувач на златниот медал на машкиот ватерполо турнир на Летните олимписки игри во Париз откако во балканското дерби во финалето славеа над репрезентацијата на Хрватска со  13-11.

Србите подобро го отворија натпреварот и веќе по првата четвртина имаа предност од 5-2. Оваа предност успеаја да ја задржат до самиот крај и да стигнат до ново, вкупно трето злато во низа на олимписките смотри.

Милош Чук со три гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Јерко Мариниќ исто така заврши со три гола.

Се вчитува...