Српската фудбалска репрезентација на ЕП постигна само еден гол на три натпревари, со што е убедливо најнеуспешната репрезентација на турнирот.
Само Србија постигна еден гол на ЕП и тој дојде во судиското продолжение против Словенија (1-1).
Србите не беа ни блиску до гол против Англија и Данска, а на вчерашниот меч кој беше одлучувачки за нив, првиот удар во рамки на голот го имаа во финишот.
Унгарија и Шкотска имаат најлош голгетерски биланс во групната фаза, по Србија, со по два гола, колку што имаат и Грузија и Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА