Легендарниот десен бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Мичел Салгадо истакна дека за него најголемо разочарување на Светското првенство во Катар е репрезентацијата на Србија.
Тој вели дека очекувал многу повеќе од тимот предводен од Драган Стојковиќ Пикси, а особено во фазата на напад.
„Србија потрфли. Очекував да бидат многу поофанзивни. Тимовите од Балканот не се супердефанзивни бидејќи имаат неверојатен број на квалитетни играчи во средниот ред и нападот. Србија имаше убава шанса за пласман во осминафиналето, но ја пропушти. Многу сум разочаран од нивниот настап на Мундијалот, очекував многу повеќе“, вели Салгадо.
За разлика од Србија, тој има само пофални зборови за репрезентацијата на Хрватска…
„Тоа е екипа на која треба да и се воодушевувате. Оваа генерација беше втора на минатото Светско првенство, а сега повторно се во четвртфиналето. Имаат неверојатен победнички менталитет“, изјави Салгадо.
Салгадо за репрезентацијата на Шпанија забележа 53 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА