Англија уште во раната фаза успеа да го скрши отпорот на Србија и поведе со 1-0 на мечот во Гелзенкирхен со погодокот што го постигна Џуд Белингем.
Српскиот селектор Стојковиќ пред мечот најавуваше дека „орлите“ ќе се надигруваат со големиот ривал, но реалноста на теренот беше сосема спротивна, Србите се поставија во бункер во обид да ги затворат приодите кон сопствениот гол, но тоа им успеваше само единаесет минути.
Англичаните ја искористија првата шанса што ја создадоа, Сака нафрли од десната страна, а Белингем натрча и со удар со глава го матираше противничкиот голман за водство на Англија од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА