Србија триумфално ја започна одбраната на европскиот трофеј

Во Љубљана и Тел Авив денеска започна 39. издание на Европското првенство во женска конкуренција, а бранителот на трофејот репрезентацијата на Србија во премиерниот натпревар славеше против Турција со 63-71.

Србинките предноста ја направија во втората четвртина која ја добија со 11-16 за предност од 33-37 на полувремето, одолеаја на налетот на Турчинките во третата четвртина и приредија мирен финиш на натпреварот за први бодови на собирот на стариот континент.

Андерсон со 17 поени и 5 асистнеции беше лидерка на Србија, додека Турција ја предводеше Мекован со 12 поени и 5 скокови.

Претходно на победа се радуваа и репрезентациите на Црна Гора, Унгарија и Чешка кои славеа против Грција, Словачка и Италија.

Се вчитува...