Кошаркарите на Србија дојдоа до четвртата победа во квалификациите за Евробаскетот, откако на домашен терен во Белград убедливо со 98-51 ја совладаа селекцијата на Данска.
Србите едноставно не и дадоа ниту малку надеж на данската селекција да се понадева дека може да направи некаква сензација. Така Србија сега е веќе пласирана на Евробаскетот.
Србија доминираше во речиси секоја четвртина, и на крајот славеше убедлив триумф.
Алекса Аврамовиќ беше најефикасен со 18 поени, а во селекцјата се врати и Бориша Симаниќ кој постигна 12. Кај Данска Лундберг беше најефикасен со 15 поени.
Инаку за Србија ги немаше играчите кои настапуваат во Евролигата. До крајот Србија игра на гости со Финска, и дома со Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА