Во второто коло од Европското првенство кое се одржува во Србија, српските ватерполисти ја победија Шпанија со 12-11 во вистински „луд меч“ во белградската Арена.
Во дербито од групата Ц, во кое Србија влезе како аутсајдер, бидејќи претходно во првото коло одигра разочарувачки против Холандија, сепак, на крајот избраниците на Урош Стевановиќ покажаа поинакво лице и ја демонстрираа својата ватерполо класа против светскиот и европскиот шампион.
На крајот за сосема заслужена победа, пред се благодарение на подобро одиграните втора и трета четвртина, иако во последната четвртина Шпанците анулираа и предност и од три гола на противниците, се доближија до еден гол, но на крај не успеаја да го спречат поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

