Србија во шок: Одземен им е олимписки медал од ОИ Токио и предаден на Хрватска

На српскиот борач Зураб Датунашвили и официјално му е одземен бронзениот медал од Олимписките игри во Токио. Жалбата на Датунашвили против одлуката на Меѓународната допинг агенција е одбиена од страна на Арбитражниот суд за спорт. 

Два месеци пред игрите, борачот манипулирал со обезбедување на урина за контрола. Поради тоа прекршување се наведува дека Датунашвили ги фалсификувал причините за пропуштање на допинг контролата во 2022 година.

Неговата бронза ќе му припадне на хрватскиот борач Иван Хуклек, кој беше победен од Датунашвили во битката за третото место во категоријата до 87 килограми.

Покрај тоа, српскиот борач ќе биде суспендиран на пет години, а ќе му бидат одземени и златото од Светските првенства во 2021 и 2022 година.

Се вчитува...