Србија во шок: Пешиќ не е повеќе селектор!?

„Спортклуб“ ексклузивно пренесува дека Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на српската репрезентација.

Ништо не навестуваше разделба на легендарниот стручњак со репрезентацијата, а Пешиќ ова лето на Србија и донесе бронзен медал на Олимписките игри во Париз.

Претходно на СП во Манила, Србија стигна до светското сребро.

Причините за напуштањето на кормилото се непознати.

Се вчитува...