Србија во трилер меч поразена од Чешка

Ракометната репрезентација на Србија доживеа втор пораз во главната фаза на Европското првенство во Швајцарија, Австрија и Унгарија откако вечерва во меч од 2. коло од групата Б загуби од репрезентацијата на Чешка со 24-27.

Во текот на сите шеесет минути натпреварот беше израмнет. Иако Чешка во неколку наврати беше и на плус три, Србинките успеваа да се вратат и на две минути до крајот да влезат во егла 24-24.

Сепак, најдобрата ракометарка на Чехинките, Јержабкова ги зема работите во своите раце, што беше доволно за конечен триумф на Чешка од 24-27. Токму Јежабкова со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај Србинките девет постигна Јанушевиќ.

Во вториот меч од вечерната програма на Европското првенство Исланд славеше над Украина со 27-24.

Се вчитува...