Србија засилена: Лекиќ и Цвијиќ се враќаат за баражите со Словенија

Женската ракометна репрезентација на Србија долго се мачи со слаби резултати, што на крајот резултираше со отказ за селекторот Урош Брегар по завршувањето на последниот европски шампионат.

Словенечкиот стратег не само што не донесе резултат, туку и донесе раскол во националниот тим, отстранувајќи ги најдобрите српски ракометарки, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ од репрезентацијата. Откако Брегар си замина, двете поранешни ракометарки на ЖРК Вардар објавија дека се подготвени за репрезентативен камбек и ќе настапат на претстојниот бараж двомеч за СП 2025 против селекцијата на Словенија.

„Најсилното чувство кое можам да го имам на терен а кога го носам дресот со државниот грб. Мило ми е што повторно сум овде, благодарност до федерацијата на повикот, секако дека секогаш ќе го прифаќам бидејќи играњето за националниот тим е светост за мене. Претходно не бев повикувана, ми беше тешко да го гледам тимот и резултатите што ги постигнува, но верувам во подобри денови. Словенија има силен состав и ќе ја има фаворитската улога, но верувам во нас, дека ќе направиме добар резултат и на тој начин ќе ги натераме децата повторно да дојдат и да тренираат ракомет“, изјави Андреа Лекиќ.

Се вчитува...