Легендарниот фудбалер на Партизан Небојша Вучичевиќ, починал денеска ненадејно на 59-годишна возраст додека играл мал фудбал во Белград, јавуваат српските медиуми. Смртта ја потврдија и од фудбалскиот клуб Партизан.
Вучичевиќ играл пет сезони во Партизан, со кој ја освои титулата во Југославија и еден Куп. Претходно настапувал во ОФК Белград, а потоа играл во Мец, САламанка, па во Даеву од Кореја, Пафос, и две години во Словенија.
Има и тренерска кариера во многу српски клубови меѓу кои Раднички Крагујевац, Хајдук Кула, Обилиќ, Дорчол, Срем, Смедерево, Динамо Врање, Нови Пазар, а беше дел и од Нафта од Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА